Нормализиран сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес

Од:

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес е нормализиран, карпата која беше на брзата коловозна лента на 3км од наплатната станица Сопот е одстранета и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу с.Истибања и с. Калиманциблокиран е сообраќајот во двата правца. Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Eкипи на Ј.П. Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај.

Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози