Нормализиран сообраќајот на автопатот Неготино-Гевгелија

Од:

Сообраќајот на автопатот А-1 Неготино-Гевгелија кој беше прекинат поради сообраќајна несреќа е нормализиран во 9 часот и 55 минути.

Сообраќајот на оваа делница беше во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвиваше со наизменично пуштање.

Сообраќајната несреќа се случила околу 7 часот, во која возило со унгарски регистарски таблички, излетало од патот, а со тешки телесни повреди се здобија маж и жена кои се превезувале во него. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози