Сообраќајот кај Тајмишка раскрсница во близина на Стража е нормализиран, соопшти АМСМ.
Од 13:00 часот сообраќајот кај Тајмишка раскрница, во близина на Стража, поради сообраќајна незгода, се одвиваше со наизменично пропуштање на возила.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.