Од вчера од попладневните часови нормализиран е сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Дојрани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување за нормализирање на товарниот сообраќај на ГП „Дојрани“ и отпочнато е пуштање на товарни моторни возила за влез во Република Грција од 12 јануари во попладневните часови, соопшти МВР.
Грчките погранични органи на граничниот премин „Евзони“ вчера во 9:30 часот почнаа да ги пропуштаат камионите што чекаа за влез во Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата.