Номинации за наградата УНЕСКО-Лореал за жените во науката за 2022

Од:

УНЕСКО ги поканува државите членки да поднесат свои номинации за наградите УНЕСКО-Лореал за жените во науката за 2022 година. Наградите во износ од по 100.000 евра поединечно ќе им бидат доделени на пет истакнати жени научници, за нивниот особен придонес во научното истражување, посветеност и влијание врз општеството.

Кандидатурите се поднесуваат преку онлајн-платформата креирана за овие награди: https://www.forwomeninscience.com  најдоцна до 31 мај 2021 година.

За да бидат навреме доставени на онлајн-платформата на УНЕСКО, Министерството за образование и наука повикува заинтересираните од земјава најдоцна до 20 мај 2021 да ги достават номинациите со придружните документи до Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, во печатена и електронска форма на мејл-адресите: [email protected] и [email protected].

На веб-страницата на МОН е достапен повикот на УНЕСКО за номинации и информации за правилата и процедурите за оваа награда.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО