Ноќна автобуска линија во општина Илинден

Од:

Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје, по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63Б, која ќе сообраќа од Транспортен центар до Мралино во сабота и недела во терминот 00.15 часот, информираат локалните власти.

Ова било договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на ЈСП, Иван Илиевски.

Како што информираат од општината, на средбата се разговарало и за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на Илинден.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол