НМСМ бара одржување на фер и транспарентни избори за нов Претседател на Студентски парламент на УКИМ

Од:

Националниот младински совет на Македонија изразува длабока загриженост за неодамна распишаните избори од Студентски парламент на УКИМ под нетранспарентни услови.

‘Цениме дека со организирањето на избори за Претседател на Студентскиот парламент при УКИМ во многу кус период и време кога голем дел од студентите ги напуштаат кампусите, инклузивноста и транспарентноста на процесот е доведена во прашање. Наш приоритет како најголемо претставничко тело на младите во Македонија е токму младинското учество и обезбедување на еднакви можности за сите млади луѓе, како и борбата за демократизација на процесите кои на директен или индиректен начин ги засегаат младите.

Во таа насока би сакале да ја изразиме нашата отворена и силна поддршка на студентските организации и студентите за спречување на злоупотребата на студентското организирање. Истовремено го повикаме Ректоратот на УКИМ, Ректорката управа и Сенатот, како највисоки тела на Универзитетот, да ја преиспитаат законитоста на управувањето Студентскиот парламент, како и транспарентноста и легитимноста на распишувањето на повикот за нов студентски претставник.

Во НМСМ сметаме дека е неопходно сите заедно да се вклучиме во демократизација на студентските процеси и затоа недвосмислено продолжуваме да ги поддржуваме своите организации членки и штитиме интересите на младите луѓе меѓу кои спаѓаат и студентите, реагираат од НМСМ.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски