Нивото на водата во Охридското Езеро 30 сантиметри под просекот за март

Од:

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,19 метри надморска височина. Водостојот денеска е 30 сантиметри под просекот за март или девет сантиметри над дозволениот минумум.

Во моментов охридскиот регион е зафатен со влажен бран проследен со врнежи од дожд, што зависно од интензитетот на врнежите се очекува да придонесе за подобрување на севкупната хидролошка состојба.

На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри надморска височина.

Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем.

Би можело да ве интересира

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Горан Наумовски

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ