Нивото на Охридското Езеро се искачи над дозволениот минимум

Од:

Нивото на Охридското Езеро е четири сантиметри над дозволениот минимум, додека Дојранското има уште 24 сантиметри до максималниот водостој, соопшти УХМР.

Како што покажува неделната хидролошка состојба, нивото на реката Црн Дрим кај Ложани е далеку под просекот за февруари. Се движи меѓу 19 и 27 сантиметри за разлика од февруарскиот просек кој изнесува 123 сантиметри.

Потпросечни се и нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци.

Реката Вардар, пак, кај Јегуновце бележи водостој нешто над февруарскиот просек

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро