Нивото на Охридско Езеро девет сантиметри над дозволениот минимум

Од:

Нивото на Охридско Езеро е девет сантиметри над дозволениот минимум, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата на водата изменера во 7:30 часот на природните езера изнесува 12,4 степени на Дојранско Езеро, 10 степени на Охридско Езеро и 8,5 степени на Преспанско Езеро.

Според неделната хидролошка состојба, водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун, се под просекот за март.

Драстично пониско е нивото на Црн Дрим кај Ложани, се движи меѓу 36 и 40 сантиметри наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри и на Вардар кај Јегуновце, каде се движи меѓу 48 и 54 сантиметри наспроти мартовскиот просек од 103 сантиметри покажуваат податоците за водостоите измерени изутрина во 7:30 часот.

Од УХМР појаснуваат дека дното на реките е променливо и тоа се менува во зависност од брзината на течењето на водата, па така кога коритото е продлабочено можно е водостојот да е релативно низок, но протекувањата да бидат нормални за тој период од годината и обратно при насипување можно е водостојот да изгледа релативно висок, но протекувањата да бидат под просекот.

Би можело да ве интересира

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски

Нивото на водата во Охридското Езеро 30 сантиметри под просекот за март

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Горан Наумовски