Нивото на Црна Река во Битолско стабилно, ситуацијата будно се следи

Од:

Дождот, надојдените помали реки и зголеменото ниво на реката Црна не предизвикаа поплавување на земјоделското земјиште во поголем обем, информираат денес од подрачната единица на Министерството за земјодлство, шумарство и водостопанство.

Според Илија Србиновски раководител на ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола, во овој дел на Пелагонија наврнаа 40 литри дожд на метар квадратен  кои биле успешно апсорбирани од каналската мрежа вдолж рамницата.

 – Во овој момент не постојат никакви опасности, а има и тенденција на намалување на нивото на водостојот на реките во Пелагонија. Нивото на реката Црна утрово изнесува 3,80 метри, а потенцијалната опасност доаѓа кога нивото на реката надминува 4,40 метри. Каналите за апсорбирање на вишокот на вода се полни, но и во кондиција, бидејќи каналската мрежа беше навреме исчистена со што е спречена катастрофа, предочи Србиновски.

Пролетните активности врз земјоделските површини во битолскиот дел на Пелагонија се во прекин, и доколку временските услови не се влошат, тогаш ќе продолжат со мало задоцнување, посочи Србиновски.

– Вкупните обработливи земјоделски површини во Пелагонија изнесуваат околу 30.000 хектари, а под вода се незначителни површини. Станува збор за атарот на селата Егри и Кравари кои според местоположбата се на пониско ниво и затоа скоро при секој пообилен дожд се предизвикуваат проблеми, истакна раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Илија Србиновски.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски