Заглавени 20.000 државјанства, АНБ прави сложени проверки

Од:

Нема да се издадат државјанства додека не се направат потребните проверки од страна на Агенцијата за национална безбедност. Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека го разбира проблемот со блокираните барања, кои дел се со истечени рокови во кои требало да се одговорат. Но, посочува, се работи со зголемено темпо.

„При формирањето на АНБ тие од нивната претходничка од службата за државна безбедност имаат наследено необработени над 20.000 барања. Темпото тогаш било помало од темпото сега, во однос на проверката на барањата. Ако тогаш се одговарало на 100-200 барања во тек на месец, сега е зголемено над 1000 барања. Проверките се подолги и опфаќаат сложени прашалници од порано, бидејќи сме членка на НАТО“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека за прашањата поврзани со државјанството ќе ја информира и АНБ, со цел, доколку постои можност, дополнително да се зголеми темпото на работа.

Во Агенцијата за национална безбедност, на проверки се заглавени над 2.000 барања кои се процесираат.

Би можело да ве интересира

СДСМ најавува иницијатива: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство

Здружение на млади правници: Измените на Законот за државјанство нема да го решат проблемот со апатридите

Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

Ана Ололовска

Околу 2000 граѓани немаат државјанство, оваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања вели Османи

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Ана Ололовска

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство

Ана Ололовска