Спасовски не смета дека е виновен што избега Мијалков: Жртва да бидам на еден криминалец, нема да се случи

Од:

Ниту министерот Оливер Спасовски не чувствува одговорност за бегството на Сашо Мијалков. Тој вели дека МВР има направено се што било во законските надлежности. По Русковска, тој е втор кој убедува дека е преземено се што можело да се направи. Според Спасовски, треба да се направи истрага во истражните органи и да се констатира евентуален пропуст.

„Јас мислам дека одговорност треба да се понесе дека имате одговорност, дека сте преземале погрешно или не сте преземале воопшто. Ние треба сега сите сили да ги насочиме кон пронаоѓање на бегалецот. Оставката ќе доведе до триумф на криминалците. Сметам дека треба да има детална истрага на целиот случај. Не морална, туку кривична одговорност треба да има, дали во МВР, Обвинителството, судот. Ние како МВР не сме имале мерка со која што тој ќе биде следен, чуван. Во однос на овој предмет има една мерка, а тоа е одземање на патна исправа и јавување во суд еднаш месечно. Прашањето е дали во завршните зборови можело да се бара притвор, бидејќи поседува средства надвор од државата? Во секој момент кога полицијата имала наредба да постапува, постапувала и во овој дел“, рече Спасовски.

За одговорноста во правосудните органи, Спасовски вели дека треба да се утврди дополнително.

„Секако дека сите луѓе кои што се поставени по линија на хиерархија беа ангажирани и преземаа дејствија што значеа, се што е дозволено со законот да се преземе. Не го амнестирам МВР ако имало било каков пропуст. Јас не гледам такво нешто. Дали има одговорност во правосудните органи, треба да се види. Дали постојат двојни аршини, да постојат. Крајот на ноември бараа притвор за обвинети во Монструм поради можност да избегаат, сега, во завршни зборови – не се бараше. Моите информации говорат дека двајцата обвинители побарале дозвола да притвор за овој осомничен, меѓутоа, тоа се информации кои само јас ги имам. Дали е така, не знам. Претпоставувам дека се консултирале со нивните непосредни претпоставени“, додаде Спасовски.

Тој посочи дека нема да дозволи да биде жртва на Сашо Мијалков.

„Одговорноста треба да се утврди и да се носи таму каде што е вистинското место. Жртва да бидам на еден криминалец, кој знаеме со какви активности се служеше претходно, нема да се случи. Мора да се избориме со таквите криминалци. Одговорноста треба да се утврди и да се бара таму каде е вистинското место“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Во Кривичен пресуда за Трезор

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија