Нинџа: Младеноски му правеше бунт на Црвенковски во СДСМ по налог на УБК

Од:

Од 2012 година обвинетиот па амнестиран за крвавиот четврток Михаил Младеноски како член на младината на СДСМ беше во соработка со УБК и Никола Бошковски. По налог на управата Младеноски правеше бунт против Бранко Црвенковски. И двајцата ми го имаат потврдено тоа, изјави обвинетиот Александар Василевски Нинџа на завршните зборови за „крвавиот четврток”.

Василевски додаде дека ова не била единствената активност на Михаил Младеноски поврзана со УБК. Цел на управата бил и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

– Младеноски како агент провокатор има влезено и остварено средба со тогашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Средбата била снимана, а снимката била планирана да се употреби за компромитирачки цели во изборите, тврди Василевски по што додаде дека за сите активности Младеноски го информирал ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

Василевски рече дека Михаил Младеноски и неговиот брат за сите акции за потребите на службата и тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ преку Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер биле наградени со вработување во СИС од каде земале плата без да одат на работа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски