(ВИДЕО) Нинџа: Ми рекоа прво да завршам средно, па потоа ќе бидам дел од УБК

Од:

Во текот на 2015-та година, околу јануари, февруари во екот на политичката криза во Република Македонија, кога Заев почна да ги објавува „бомбите“, бев ангажиран од Горан Грујевски да му бидам очи и уши на Никола Бошковски, односно да собирам информации од таргети што ќе ги даде лично тој и да го известам лично него. Тие информации беа од поголем карактер односно од зачувување на уставниот поредок и уфрлување на обични граѓани во службата, рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот четврток“.

– За да ме вработат во УБК ми кажаа дека мора да завршам 4-та година средно училиште, имав три години. За потребите на службата ми беше издадена значка со број 637, ми дадоа огнено оружје „Магнум 38 специјал агент“ и радио станица со 16 активни канали, се слушаа сите 8 СВР на Македонија, рече Нинџа.

– Како една од првите задачи ми беше дадена насока да се приближам до еден мој близок роднина Влатко Пановски бидејќи службата имала информации дека соработува со српските разузнавачки служби. Јас тоа го сторив, службата беше информирана за неговите активности. Откако почнаа обвиненијата од СЈО, Никола Бошковски рече да се дружам повеќе со него, беше во депресивна состојба. Тогаш интензивно почнаа да соработуваат и со Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, додаде Нинџа.

На денешното рочиште одбрана дава обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој има предложено тројца сведоци. На минатото рочиште од правото да изнесат одбрана се откажаа обвинетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Питроповски.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески