Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Од:

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека на листингот кој го извадил за разговорите кои ги имал на 27 април 2017 година не ги покажува разговорите со тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, екс директорот Сашо Мијалков, екс министерот, началникот Никола Бошкоски, Спире Ристовски осомничен за организирање на упадот во Собранието и обвинетиот Игор Југ.

– Ја нема интррнет-вибер комуникацијата со Атанасовски, со Бошкоски, со Игор југ во 14 и 30 часот, ја нема комуникацијата со Спире Ристевски, со Сашо Мијалков. Можеби е контроверзно и мистерично, но тоа е, искоментира Нинџа.

Тој истакна дека тоа е најверојатно така поради тоа што откако влегол во УБК, началникот од управата Горан Грујевски на секои седум дена му ги одземал двата телефони на 2 часа по што му ги враќал. Па така на ден по крвавиот четврток односно на 28 април Грујевски повторно му ги земал телефоните на Нинџа, но овој пат не му ги вратил.

Василевски направи споредба со листингот на обвинетиот Игор Југ каде тој повик помеѓу нив двајца го има додека пак во листинг на Василевски не постои.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски