ВИДЕО: Нимиц добивал добри совети од Ахмети, лидерот на ДУИ продолжува со поддршката за медијаторот

Од:

Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, по средбата со Али Ахмети рече дека секогаш добивал добри совети од лидерот на ДУИ.

Нимиц го повтори ставот дека очекува брзо решение и дека средбата со Ахмети била конструктивна. Тој, исто така, истакна дека сега е вистиско време да се реши деценискиот спор.

Ахмети по средбата изјави дека пред Нимиц ги презентирал ставовите и мислењата на ДУИ во врска со преговорите и решението за спорот со името. Тој истакна дека ДУИ ќе продолжи со целосната поддршка на медијаторот во процесот и дека очекува епилог за спорот за името што е мошно поскоро.

Ахмети рече дека очекува решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и кое ќе придонесе за мирот и стабилноста на земјата, но и за доборото на сите граѓани.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски