Николовски за „падот“ од министерската функција: Мојата енергија е насочена кон мерките, па премиерот нека одлучи

Од:

Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, не се фокусира на шпекулациите дека ќе биде сменет од функцијата, за на негово место да дојде кадар на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. Иако информациите говорат дека овој ресор ќе отиде на раководење од кадар на Таравари, актуелниот министер Николовски, остава на премиерот Димитар Ковачевски и Собранието да ја донесат конечната одлука. Тој има други теми на кои се фокусира, вели во одговорот за „А1он“, додавајќи дека ќе биде посветен на проектите кои ги реализира.

„Останувам посветен на започнатите проекти во служба на земјоделците, за да имаме модерно и развиено македонско земјоделство. Согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија, прашањата зa состав на владата се во надлежност на Претседателот на Владата и Собранието“, вели Николовски за „А1он“.

Тој се пофали што се реализира како министер за земјоделство, во овој момент. Смета дека со неговите постапки како функционер, работи за намалување на кризата.

„Целата мојата енергија, во овие услови на криза, е комплетно насочена кон креирање на мерки и политики како да го стабилизираме домашното производство и да обезбедиме доволно домашна храна во време на криза; како да ја спроведеме најголемата земјоделска реформа со подготовката на новиот модел за субвенционирање кој дава решение на сите досегашни слабости во делот на субвенционирањето и гарантира долгорочно стабилно домашно производство на значајни култури и производи; како да обезбедиме рекорден буџет од близу 9 милијарди денари со кои сите овие реформи ќе ги реалзираме; како да ја почнеме авансната исплата на субвенциите кон сите земјоделци од 2023 година…“, се вели во дел од одговорот.

Николовски додава дека има низа успеси како министер, меѓу кои е и програмата за стартап на мали семејни винарии, по што додава: „и да имаме нови 50 бутик винарии во 2023 година и како да имаме нови 2000 мали оператори со храна во следните 4 години“.

Според него, фокусот му е ставен на овие прашања, не на неговата смена од функцијата.

„Посебно сум посветен на подготовките за старт на новата ИПАРД 3 програма, каде обезбедивме од Европската комисија зголемен буџет за 62%, однсно 97 милиони евра неповратни средства наменети за модермизација и инвестиции во наредните 7 години“, додава Николовски.

Поддршката од Алијанса за Албанците ќе ја чини Владата три министерства, три заменски министерски места и голем број директорски места да бидат раководени од кадри на оваа политичка партија. Извесно е дека Алијанса ќе постави свој кадар на Министерството за здравство, со кое сега раководи Беким Сали од Алтернатива. Се погласни се шпекулациите дека Алијанса на Албанците сака да раководи со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Третото министерство со кое ќе раководи засега не е прецизирано. Според непотврдени информации, тоа можно е да биде Министерството за правда, со кое од февруари, раководи министерот Никола Тупанчески.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски