Николовски: ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми

Од:

Позициите на СДСМ остануваат исти, непроменети. Очекуваме во текот на утрешниот ден да имаме повеќе информации и од страна на меѓународните партнери дали преговорите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, одговори Љупчо Николовски на новинарско прашање.

Во продолжение останатите новинарски прашања и одговори:

П2: Очекувате ли договор?

Ние остануваме на нашите позиции и се надевам дека ќе се дојде до договор после вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ.

П3: Го имавте викендов за внатрепартиски консултации, до каде се вашите консултации и каде точно заглавија партиите околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи?

Консултациите се во тек и не би можел да кажам пред утрешниот ден, до кога е даден рокот нели за продолжување на преговорите. Овие два дена СДСМ ги користи за внатре партиски консултации. Но, нашите позиции се јасни и остануваме на истите.

П4: А каде точно околу ингеренциите заглавија…

Не би можел да коментирам денеска за тоа.

П5: Во таа смисла господине Николовски само една мало дополнување. Ако веќе не се согласувате со уредба на Влада се поставува организациската структура во МВР, претпоставувам имате некои анализи внатре партиски, има некоја опасност, зошто не се согласувате, ќе има некои последици тоа врз работата на МВР? Околу професионалноста, зошто е толку спорно тоа?

Согласно законите во Република Македонија, Законот за Влада, со министертвата раководат министрите и не може да се прави никаков друг исклучок со Министерството за внатрешни работи да раководи некој друг. Цврсто ќе стоиме на ставот дека министерот за внатрешни работи, за да ги сноси сите одговорности што ги има, ќе мора да ги има во целост сите овластувања, ингеренции што му се по закон. СДСМ од таа позиција нема да се помести.

П6: И уште едно прашање кусо во врска со вашата прес конференција. Секогаш нагласувате кога имате прес конференција дека го ќе дојдете на власт ќе следат санкции и ќе одговараат тие што ќе одговараат, меѓутоа прашањето ми е зошто, што ве спречува сега тоа да го правите, зошто не покренувате постапки за обвинувањата, во која било област, еве конкретно во оваа денеска?

Јас веќе имам поднесено кривични пријави коишто се однесуваа за вчерашната тема, тоа е за субвенциите и постојано сум повикуван пред обвинителите што ги работат случаите. Но, бидејќи се во истрага навистина не можат да се откриваат детали, еве како случајот со Кривичната пријава против Михаил Цветков за злоупотреба и за судир на интереси, а гледате дека ревизорот денеска токму тоа и го констатира, дека спротивно на закон се исплатени 3 милиони евра, по мерката 124, за чистење на канали, во 2014 година, а во 2015 се исплатени повеќе од 5 милиони евра токму поради неисчистени канали, за коишто некој земал претходната година средства. Оваа кривична пријава мислам дека е во една напредна фаза, ние поднесовме и други, за случаите за коишто зборував, бидејќи се цврсто и дебело поткрепени со документи. Сведоци сме и дека вчера немаше никаква реакција на оваа тема. Затоа ги охрабруваме институциите, согласно она што го имаме доставено како докази, како материјали, да ги забрзаат постапките пред самите институции се со цел да имаме што побргу разрешница околу сите овие случаи. Дополнително СДСМ ќе поднесе кривични пријави коишто се однесуваат на ревизорскиот извештај за Платежната агенција и за земјоделското земјиште, за да не можат институциите во државата, обвинителствата да не го погледнат овој Извештај. Затоа со кривични пријави ќе бидат доставени овие ревизорски наоди до Обвинителството во Македонија, се со цел да им ги понудиме аргументите, фактите и доказите за она што е нивна обврска, а тоа е почеток на истраги и процесуирање на сите овие случаи.

П7: Со оглед на тоа дека бевте дополнителен заменик министер во Земјоделство, може ли да ни кажете колку од предвидените програми од парите што Владата ги дава за унапредување во земјоделството навистина стасаа кај вистинските земјоделци, или тоа се покажа како една огромна пералница на пари, и можеби се купуваа некој партиски прерачунки?

Ние постојано со факти, аргументи и документи потврдуваме злоупотреби коишто се имаат случено, но и самите институции на власта. Владата потврди дека на два дена пред изборниот молк 2014 година се исплатени 48 милиони евра за субвенции, два дена (тие се исплатени во петокот, изборите беа во недела) – тоа потврдува за какви намени се токму овие сретства. Ако ја погледнете програмата за директна поддршка на земјоделството којашто во 2006 година, во јануари месец е донесена, ќе се открие еден факт, дека лага е дека 100 милиони евра одат за субвенции, затоа што за програмата од 2016 година, и со Буџетот од 2016 година, се предвидува 48% од целиот буџет, значи тоа е пак околу 50 милиони евра, не да бидат наменети за земјоделците за оваа година, туку да бидат исплатени за заостанати долгови на Платежната агенција од претходни неколку години. Тоа е потврда на фактот што го зборувамеме дека илјадници луѓе кај нас поминаа со решенија за неисплатени субвенции за 2011, 2012, и 2013 година. Не се исплаќаа се со цел да се исплатат луѓето коишто се блиски на власта. Ние овие денови ќе ги објавиме и луѓето и фирмите коишто се блиски до власта коишто добија и сега до 30 јуни, кога е законскиот рок, милиони субвенции, а повторно на товар на вистинските земјоделци кои ги немаат добиено субвнециите, ниту за оваа година, ниту за претходната. И дополнително со ребалансот, Владат предлага 15 милиони евра да се скрати оваа година, повторно за Буџетот за 2016 година за субвенции, точно во ставката за дирекни плаќања, коишто се исплаќаат од Платежната агенција. Самото тоа потврдува колкави се лагите на Владата, прво дека буџетот за земјоделство е толку, 100 милиони, или како што сака да нарече 700 – 800 милиони се дојдени до вистинските земјоделци. Самите податоци од овластените институции, од Државниот завод за ревизија, од Државниот завод за статистика, потврдуваат дека тоа е лага. А, доколку имавме толкави инвестиции во земјоделството, нема да беа такви податоците коишто доаѓаа и од Царинската управа и од Државниот завод за статистика во делот на увозот на прехрамбени производи во Македонија. Ако го погледнете само првиот квартал од 2016 година, може да се направат паралели, колкаво е огромно зголемувањето на увозот на храна, посебно во овој период. Тоа е доказ дека субвенциите ниту се развојни, субвенциите ниту одат кај вистинските земјоделци, субвенциите одат кај фирми и луѓе коишто се блиски на власта, а земјоделците се злоупотребени, од страна на власта, се со цел да ги имаат во рака, особено пред избори. Затоа клучен аргумент во овој период е што исплатиле сретства за набавка на вакцината којашто беше на фирмата со којашто раскинаа, па склучија договор, ама се уште ниту еден сточар не е обештетен за говедата што му се угинати. Пред три месеци е започната болеста, прва работа што треба да направат е да обезбедат сретства за сточарите, бидејќи целта на тие сретства е веднаш да се обнови сточниот фонд. При затворени сточни пазари, се гледа дека ќе се преполови и сточарството во Македонија. Затоа постојано алармираме за сите овие состојби, затоа и Државниот завод за ревизија не смее и не може да молчи пред аргуметите, пред бројките коишто се официјални.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија