Членот на ИО на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на општина Дојран и општина Валандово. Николовски разговараше со нив за нивните секојдневни проблеми.
Жителите од овие региони се пожалија на лошата инфраструктура, неисчистените одводни канали, масовната иселеност на младите, како и невработеноста.
Сточарите од овој регион, како и сите сточари од цела Македонија не се обесштетени поради угинокот на говедата како последица од ширењето на болеста јазлеста кожа.
– Оставени сме сами на себе и под знак прашалник се доведува нашата егзистенција. Оваа болест коси низ овој регион и ни го преполовува добиточниот фонд. Ниту еден сточар не е обестштетен за својот угинок. Ова мора да се реши и бараме одговорност од надлежните власти, велат сточарите од овој регион.
– Апелирам и ги повикувам сите надлежни институции да излезат во пресрет на сточарите, и со сиот свој капацитет веднаш да излезат на терен и да ги обесштетат, бидејќи се тоа се доведува во прашање и опстанокот на млечната, и на месната индстустрија. Мора да се знае дека за непрофесионалноста и негрижата на ВМРО ДПМНЕ, одговорност мора да има и ќе има, рече Николовски.