Николовски: Сточарите да бидат обештетени до крајот на септември!

Од:

Барам од министерот за земјоделство Михаил Цветков и од Владата неодложно, до крајот на месецот да бидат исплатени сите сточари, соодветво на претрпените штети врз нивниот добиток од болеста Јазлеста кожа. Не дозволувам Цветков и Владата да манипулираат со сточарите.

Нели ветија дека веднаш ќе ги обештетат за угинатиот добиток по вина на власта, која не обезбеди со месеци вакцина? Нели потоа рекоа во рок од 90 дена дека ќе ги обештетат?

Нели обештетија неколкумина изминативе неколку дена? Фарса беше, како што предупредив?!
Недозволиво е сточарите чија егзистенција е целосно загрозена од негрижата и неодговорноста на Владата, да чекаат до бидат обештетени “до крајот на годината“.

Не дозволувам власта да си поигрува со сточарите и нивните семејства за предизборни и изборни цели.

Барам, сите сточари да бидат обештетени до крајот на септември и исплатите да се вршат соодветно, без селекција! – рече Љупчо Николовски, Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски