(ВИДЕО) Николовски: Скандалот со прислушувањето го притисна Груевски

Од:

Требаше да пукне скандалот со прислушувањето и да се слушне разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска, за Никола Груевски да одлучи да решава работни статуси на граѓани кои ги залажувала неговата власт, вели Љупчо Николовски, член на Изврен одбор на СДСМ.

Откако целата јавност лично од овие блиски луѓе до Груевски дозна дека течеле само вработувања од нивниот шеф и поплаки дека не се реализирале ургенции од министри, бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања на лица со кои се манипулирало со години.

Шокантната вест дека Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе, засега експресно реши вработувања на 1000 граѓани.

Скандалот со прислушувањето барем го прекина поигрувањето на власта со 1000 луѓе.

Во интерес на јавноста укажуваме дека овие вработувања ќе се реализираат без конкурс, затоа што се однесуваат на веќе ангажирани лица од оваа власт со разни договори на дело или волонтери.

Бидејќи вработувањата ќе се реализираат пред да стапат на сила новите закони за администрација, тоа значи дека за нив нема да важат строгите критериуми што овие закони ги бараат, вклучувајќи и скапи дипломи за англиски јазик и слично.

Овој потег на Никола Груевски е класична корупција.

Ако навистина се потребни вакви вработувања во државната и јавна администрација зошто не се трансформира веднаш работниот однос на сите категории на лица ангажирани по разни основи, туку се најавуваат етапи?

Најавените етапи оставаат впечаток дека се држат на стенд бај, оние кои со уцена гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски под притисок на најавените докази за начинот на неговото незаконско и криминално владеење, ги замрзна казните за екстерното на наставниците, го одложи екстерното на студентите, се предомисли за касапењето на хонорарите, сега ќе превработува на грбот на граѓаните.

Затоа што му гори под нозете. Му требаат граѓаните со коишто си поигруваше.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло