(ВИДЕО) Николовски: Секој ден е можен избор на претседател на Собранието

Од:

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека секој ден е можен изборот на претседател на Собранието, со што СДСМ и партиите на Албанците ќе бидат поблиску до формирање на Влада и веднаш ќе се закажат локалните избори.

Тој не негираше дека Зоран Заев и Али Ахмети имаат средби и кажа дека лидерите на новото парламентарно мнозинство како до сега, така и понатаму, ќе се среќаваат.

– Парламентарното мнозинство нема да дозволи никој да си поигрува со граѓаните. Тие дадоа мандат за нова реформска Влада. Имаме план и стратегија, посветено работиме на планот, но не можеме да го кажеме пред јавноста. Со нашето трпение работиме да се избегне конфликт кој го посакуваат другите, рече Николовски.

Тој истакна дека новата реформска Влада ќе ги исплати субвенциите на земјоделците и дека нема оправдување за тоа што го направиле Цветков, Миновски и Златков, на чело со Груевски.

– Субвенциите не се партиска туку државна мерка. Новата Влада ќе ги зголеми субвенциите, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија