Николовски: Поплаки и пријави за услуги од администрацијата преку Националниот портал за е-услуги

Од:

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски објави дека граѓаните ќе можат да пријават проблеми поврзани со постапките за добивање услуги од јавната администрација преку Националниот портал за е-услуги.

– Во рамки на Националниот портал за е-услуги, граѓаните ќе можат да пријават проблеми поврзани со постапките за добивање услуги од јавната администрација. Преку Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење на поплаки и пријави, го унапредуваме функционирањето на државата и со тоа го подобруваме животот на сите граѓани!, напиша Николовски во објава на Фејсбук.

Преку оваа електронска платформа можат да се добијат информации за јавните административни услуги од сите институции во државата и директно да се користат јавни административни услуги кои се достапни како е-услуги.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД