ВИДЕО: Верушевски, Алаѓозовски, Филипче – СДСМ избра нови претседатели на партиските комисии

Од:

Заврши состанокот на ЦО на СДСМ , на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и пратеници, донеле одлука за нова декларација за поддршка на раководствосто на СДСМ и власта, да продолжи со бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата за сите предмети за јакнење на правната држава.

Во врска со утрешната лидерска средба, генералниот секретар на СДСМ рече дека ќе се одржи и дека ќе се разговара за пописот, за СЈО, и за изборниот законик. За предвремени избори не разговарале.

На денешниот состанок избрале повеќе нови членови на партиските комисии, а за координатор на Форумот на жени ја избрале пратениката Снежана Калевска Ванчева. За претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски, за здравство Венко Филипче, за култура Роберт Алаѓозовски, за надворешни работи Едмонд Адеми, за транспорт Благој Бочварски, за информатичко општество Драган Гоцевски и тн. Формирана е и нова Комисија за спроведување на политиките за едно општество за сите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски