Николовски од СДСМ: Од денеска пониска цена на струјата

Од:

Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ одржа прес-конференција на која ги објасни енергетските политики што ги презеде Владата предводена од СДСМ.

„Најпрво, дозволете ми во името на СДСМ и од мое лично име да ви посакам среќна нова 2024 година. Од денеска пониска цена на електрична енергија за домаќинставата!Граѓаните кои внимаваат и домаќински ја трошат струјата ќе плаќаат помалку.

Математички прецизно од 1 јануари за 5% поевтина цена во први блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти. Само со мерката за евтината дневна тарифа на струја се граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите.

Енергетските политики и мерки што ги презеде владата предводена од СДСМ во време на Пандемија и енергетска криза даваат резултати: ниски сметки и враќање на дневната ефтина тарифа.

Визонерскиот пристап кон зголемување на енергетската независнист, јасно фокусирани кон стабилна и сигурна испорака на струја со посебно внимание кон заштита на стандардот на ранливите и пензионерите отворија можност граѓаните дирекно да имаат бенефит преку пониски сметки“, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски