Николовски нов генерален секретар на СДСМ наместо Кирацовски

Од:

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ е избран за нов генерален секретар. Николовски доаѓа на местото на Кирацовски кој беше на оваа партиска функција од јуни 2017 година.

На Централниот одбор денеска по барање на претседателот на партијата Зоран Заев оставка си дадоа сите шест потпретсесдатели на партијата. Оставките на Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски следуваат по разрешувањето на сите претседатели на општинските организации на СДСМ кое се случи минатата недела.

Од СДСМ ќе биде распишан интерен конкурс за пополнување на функциите кои беа разрешени денеска и во текот на минатата недела.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард