Николовски: Ќе го укинеме персоналниот данок за земјоделците

Од:

Фокусот во нашиот план за живот во Македонија е токму животот на секој човек во Македонија. Затоа токму денеска, од Струмица, од најземјоделскиот крај, сакаме да испратиме неколку пораки, посебно на земјоделците, за она што мора државата да го направи за нив. Она што ние го предвидуваме е нов и праведен даночен систем во Македонија, којшто ќе значи дека оние коишто имаат помалку, ќе плаќаат помалку. Тие коишто ќе имаат повеќе, ќе плаќаат и повеќе, вели Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ.

Затоа, она што го сакаме како цел е да го укинеме персоналниот данок за оданочување на земјоделците, со којшто се оптеретени во целиот овој период. Тоа ќе значи дека ќе им ги скратиме административните процедури, дека повеќе пари ќе останат кај земјоделците, дека ќе можат да инвестираат повеќе дека земјоделското произвдоство ќе можат да го зголемат и дека ќе бидат поконкурентни.

Тоа значи дека нема УЈП да им виси на вратот, за она што се случува и го гледаме во моментот.

На земјоделците мора да им обезбедиме поевтини производни трошоци за нивното производство, мора да обезбедиме зелена нафта, мора да обезбедиме квалитетни и поевтини препарати заштитни средства, вештачки ѓубрива, и да ги намалиме производните трошоци на земјоделецот.

Токму оваа мерка, токму оваа наша цел за којашто зборуваме, укинувањето на паушалното оданочување на земјоделците, оди во прилог повеќе пари да останат кај земјоделците, кај граѓаните. Враќањето на парите назад во државата, враќањето на украдените пари во Македонија и враќањето на парите назад кон секој човек, кон секој граѓанин во Македонија. За животот тука во Македонија, е клучната и крајната наша цел во планот за живот во Македонија. Тоа нешто ќе го оствариме во периодот што следи.

Се обврзуваме на чесна, искрена и одговорна работа којашто ќе ги задржи и земјоделците, но и младите тука во Македонија

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната