Николовски: Ќе ги насочиме парите кон граѓaните за достоинствен живот

Од:

Посетивме многу населени места, многу села, многу градови и граѓаните секаде имаат иста желба, да си го вратат животот назад во Македонија. Живот во Македонија ќе има кога парите ќе се насочат назад кај граѓаните и затоа нашата определба е цврста, ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ, рече Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Живот во Македонија ќе значи повисоки плати, минимална од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари до крајот на мандатот, добро платени работни места од силни домашни претпријатија поддржани со 140 милиони евра, квалитетен животен стандард за сите граѓани на Р.Македонија, правда за сите, институции во служба на граѓаните!

На 11 декември граѓаните имаат вистинска шанса со својот глас за живот да го запрат преживувањето со мизерно ниски плати, невработеност и енормно високи животни трошоци. Парите ќе се насочуваат кон граѓаните по повеќе основи

Уште една плата плус во секое семејство ќе има од поврат на 15% на ДДВ. Со овие пари граѓаните ќе можат да подмират некои трошоци во домаќинството. Ќе воведеме праведни даноци за сиромашните да плаќаат помалку.

Семејствата со најнизок доход ќе бидат целосно ослободени од плаќање на јавните услуги.

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струја. Изминативе години цената на струјата се зголеми за 100%. Ќе ја вратиме дневната евтина тарифа и ќе воведеме викенд евтина тарифа. Радиодифузната такса целосно ќе ја укинеме.Со економските полтики во Планот за живот обезбедуваме повеќе пари во секој семеен буџет.

Затоа, почитувани граѓани овие избори се избори за вашиот живот, избори за иднината на вашите деца и внуци, за иднината на Македонија!

Заедно можеме и ќе успееме да го вратиме животот во Македонија затоа што имаме визија, знаење, капацитет и веруваме дека Македонија може да биде земја во која ќе има достоинствен живот за сите граѓани.

Време е да излеземе сите и да гласаме за бројот 4 за живот во Македонија!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите