Николовски: Ќе дадеме поддршка на резолуцијата, никој не преговарал за јазикот и идентитетот

Од:

Вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Берово изјави дека ќе дадат поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет.

– Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Рече дека земјава како никогаш досега немала така висок меѓународен углед, кредибилитет и поддршка и е пример за тоа како се решаваат проблемите.

-Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено, истакна Николовски кој присуствуваше на повеќе настани во Берово.

Посочи дека државата со заштитен идентитет и јазик станала членка на НАТО.

– Оваа генерација после три децении зборување и ветување за евроатлантските интеграции, го направи вистинскиот чекор, со зачуван идентитет, зачуван јазик, со зачувано се што е македонско. Ние сме денеска во НАТО. Нашето знаме се вее во Брисел, нашиот премиер седеше со сите премиери и претседатели на една маса каде и ние имаме глас. Членството во НАТО значи подобра економија, повеќе пари, подобра инфраструктура, повисоки плати, подобар живот за граѓаните, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“