Николовска: Кацарска го испрашуваше Вељаноски спротивно на законот

Од:

Испитувањето на сведокот не беше во духот на ЗКП. Судот треба да е нем сведок и доколку е нешто не јасно, тогаш да праша за да се дообјасни, ова беше надвор од законот, рече Ружица Николовска, адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски за сведочењето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и прашањата кои беа упатени од судијката Добрила Кацарска кон него.

-Дали е ова тенденциозно и пристрасно не е мое да кажам, јавноста нека цени, но со оглед на тоа што го видов не е дозволено, рече Николовска.

Адвокатката исто така ги искоментира и реакциите на обвинителката Вилма Русковска кои ги категоризираше како невкусни провокации.

-Како правник изненадена сум работите кои се случија денеска во судот. Провокациите и дофрлувањето коментари од јавната обвинителка беа невкусни, рече Николовска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници