Николова: СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик, изгласан новиот закон за негова употреба

Од:

СДСМ го шити и унапредува македонскиот јазик. Во македонското Собрание пратениците го усвоија Законот за употреба на македонски јазик. Се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот јазик и неговото кририлско писмо вели пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Законот предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата. Го зајакнуваме инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик. Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. Создаваме можности за доделување стипендии на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик. После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик. Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови, рече Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски