А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Николов: Веднаш да се исплатат оштетените граѓани од поплавите!

by А1он19/09/2016 - 18:1761
Share0

„Оваа расправа за ребалансот на Буџетот е наменска расправа и се однесува на обезбедување за парични средства за обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети по својот имот во поплавите.

Добивај вести на вибер

СДСМ заедно со коалиционите партнери се реши приоритетот да го даде на интересите на граѓаните и да го искажеме нашиот став во однос на истиот, се со цел да се овозможи од утре да почне исплатата на штетата на граѓаните од Скопје и од Тетово.

Се надевам дека веќе од утре Министерството за финансии е спремно и ќе почне да ги обесштетува граѓаните.

Голем број од граѓаните немаат елементарни услови за живот.

Немаат свои домови, куќите им се распукани, немаат кревети, инсталацијата е уништена.

Ние сме сведоци дека за жал се уште постојат граѓани кои што не ги примиле ни овие 500 евра.

Бараме на неделна основа да го објавувате списокот на сите граѓани на кои што им била проценета штетата и истата им била исплатена.

На тој начин ќе сакаме да има увид дали исплатата на штетата се врши транспарентно, неселективно и без никакви условувања од било која страна.

Ви предложивме да се откажете од стиропорните фасади на владините згради и другите државни органи.

Ви предложивме да се откажете од ставката економски маркетинг и промоција, и тие пари во износ од 7 милиони евра да ги пренамените за обештетување на поплавените.

Ви предложивме да се откажете и од трошењата за зградите на Министерството за финансии и Министерството за правда. Вие не сакавте да се откажете.

Како што `се во оваа држава сакате да го направите со кредит, така и обесштетувањето сакате да го направите на кредит.

Оваа влада можеше да ги обесштети граѓаните само од два проекти. Требаше само да се откаже од фамозното Панорамско тркало и Рајската градина од Аеродром од 15 милиони евра. Нема никаква логика вие да градите Панорамско тркало и Рајска градина кога 20.000 граѓани нема каде да живеат и не знаат како ќе презимат во овие месеци кои што доаѓаат.

На кого ќе му е потребна Рајската градина?

Ребалансот да го изгасаме денеска, од утре да почне исплатата, а веќе наредниот ден да продолжиме со барање на одговори на прашањата за одговорноста и дали не можеше да се спречи да нема толку жртви од овие поплави“, рече пратеникот Марјанчо Николов.

sdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен