А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Николов: Наместо панорамски тркала, Владата да отвори нови работни места

by А1он12/07/2012 - 14:48161
Share0

СДСМ укажува дека економската криза и економско-социјалната состојба во Република Македонија се продлабочува и поприма многу сериозни размери, а ова го покажуваат сите клучни економски индикатори. Индустријата, велат,девет месеци е во агонија, извозот опаѓа, земјата практично е веќе во рецесија, а компаниите се гушат во незапаметена беспарица.

Добивај вести на вибер

„Невработеноста повторно почна да се зголемува, и покрај нечесните обиди на власта да вештачки влијае врз оваа категорија со бришење на невработенита луѓе од евиденцијата на АВРМ.ДЗС објави уште еден разочарувачки факт дека секој трет граѓанин на оваа земја и натаму живее во сиромаштија, и за жал извесно е дека оваа бројка до крајот на годината ќе се зголемува. Посебно загрижува тоа што дури 41% од граѓаните кои живеат во сиромаштија се млади луѓе на возраст до 39 години,31% од овие граѓани се со високо или вишо образование, а владата троши пари за реклами со кои не убедува дека образованието е сила образованието е моќ“, изјави Марјанчо Николов.

Државната каса, рече, и по ребалансот е повторно празна и Владата до крајот на годината најверојатно ќе мора да прави уште еден ребаланс, со кој повторно кратењата ќе падне врз грбот на граѓаните и фирмите.

„Сето ова може да се избегне, а кризата може да се ублажи доколку Владата итно запре со непродуктивните трошења, а милионите евра кои секојдневно ги расфрла за споменици, панорамски тркала, рекламни кампањи, барокни фасади и други бесмислени проекти, да ги насочи кон отплата на долгот кон стопанството и отворање на нови работни места“, рече Николов.

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен