А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Николов: Компаниите се гушат во неликвидност

by А1он19/07/2012 - 14:49186
Share0

Марјанчо Николов од СДСМ денеска истакна дека македонската економија се наоѓа во состојба на незапаметена неликвидност, која според него извира од неспособноста на Владата навреме и редовно да ги отплаќа своите долгови кон компаниите.

Добивај вести на вибер

Николов рече дека овој проблем добива загрижувачки димензии и се заканува целосно да го задуши стопанството. Според него, јасно е дека компаниите немаат пари.

„Но, неликвидноста изразена во бројки покажа колку е навистина тешка кризата во домашната економија. Најновите податоци на Народната банка се фрапантни – дури половина од активните компании во земјава, односно 37.754 се блокирани. Вкупниот број блокирани сметки на приватни фирми, пак, заклучно со мај, достигна 58.131.

Додека компаниите во Македонија се гушат во неликвидност, Министерството за финансии извлече нови 70 милиони евра од домашниот пазар, преку издавање на државни записи, со што дополнително ја стимулира и онака тешката неликвидност во стопанството.

За да се ублажи неликвидноста во македонското стопанство, СДСМ веќе неколкупати излезе со предлог мерки кои сеуште и стојат на Владата на располагање:

Прво: Веднаш да го објави долгот на државните институции кон приватниот сектор по основ на неисплатени побарувања и долгот на Владата по основ на поврат на ДДВ.

Второ: Итно да ги исплати сите долгови кон стопанството, што ќе претставува најголема финансиска помош на компаниите во време на криза.

Трето: Најпрво да го намали, а потоа и сопре задолжувањето кај домашните банки и другите финансиски институции и со тоа да му ги остави на стопанството ликвидните средства за работа.

Огромните средства кои се расфрлаат за непродуктивни трошоци се основа за еконмската криза и генератор на неликвидноста во стопанството. Владата треба да престане со трошењето за реклами, фасади, тажни врби, златни огради и споменици а со тие средства да се раздолжи кон стопанството“, рече Николов.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он09/11/2025 - 12:00

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Катерина Ѓуровски08/11/2025 - 12:47

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Катерина Ѓуровски08/11/2025 - 12:47

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он07/11/2025 - 13:2507/11/2025 - 13:13

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он07/11/2025 - 10:01

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен