Николов: Бараме власта да дава отчет за потрошените пари и отвораме јавна расправа

Од:

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата поднесе до Собранието измени на закон со коишто власта ќе се задолжи да дава отчет за што и како ги троши народните пари. Станува збор за измени и дополнување на Законот за буџетите. Комисијата за финасирање и буџет за ова отвора јавна расправа на 17 септември, на којашто покануваме да учествуваат сите заинтересирани граѓански организации, вели Марјанчо Николов, пратеник од редовите на СДСМ.

Милиони евра пари на граѓаните изминативе 9 години се потрошени во нетранспарентни постапки. Тоа овозможува злоупотреби, корупција и криминал со парите на граѓаните.

Колку е сериозна ситуацијата во Македонија говорат податоците од последното истражување на меѓнародната организација Интернешнл Баџет Партнершип.

Македонија е во групата земји како Зимбабве, кои обезбедуваат многу малку податоци за Буџетот. Потранспарентни се дури властите на Авганистан, Руанда, Конго. Поотчетни од власта на Груевски се властите на сите земји од регионот.

Со измените на законот бараме Министерството за финансии на својата Веб страница да објавува месечни извештаи за трошењата во сите министерства, агенции и фондови. Граѓаните месечно да бидат информирани колку нивни пари тие искористиле и за што, колку доспеани, а неисплатени обврски имаат институциите.

Бараме Министерството за финансии на својата Веб страница месечно да објавува и список на сите физички и правни лица по министерствата, фондовите, агенциите, на кои им биле извршени исплати од Буџетот, со податоци за датумот, износот и основот.

Ова не се однесува на лицата кои редовно добиваат буџетски пари, како пензионерите и корисниците на постојана социјална помош.

Но се однесува на лицата кои примаат плата преку Буџетот. Граѓаните мора да знаат колку лица се вработени во државната администрација и колку од нив добиваат плата од нивните пари, а не доаѓаат на работа.

Предлагаме вакви извештаи и списоци да доставуваат и сите јавни претпријатија и трговски друштва во државна или доминантно државна сопственост.

Бараме Владата до Собранието да доставува квартални извештаи за извршувањето на Буџетот од тековната година. Сега нема никакви извештаи. Министерството за финансии доставува до Владата полугодишни извештаи, што не се доставуваат до Собранието.

Најавувам дека Комисијата за финансирање и буџет е отворена за сите заинтересирани здруженија на граѓани, кои преку стручната служба можат да го најават своето присуство и активно да учествуваат во креирањето на законските решенија.

Повикуваме мнозинството да се одважи и да го поддржи предлогот за отчетност во трошењето народни пари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ