Николоски: Во првите 100 дена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесеме измените на Законот за тутун со кој се забранува увозот на тутун

Од:

Зборувавме со земјоделците и она што е најголема грижа, секако е главниот извор на егзистенција на жителите на општина Конче, а тоа е производството на тутун. Зборувавме за маките на тутунарите, за тоа како е потценет нивниот труд, како цените за откуп не се тие кои што би требало да бидат, како се касни со исплатата, како се касни со субвенциите и како се помалку се произведува, рече од митингот во општина Конче, потпретседателот и носител на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски.

Истакна дека тоа е жалната слика за македонското земјоделие каде што се помалку се произведува, за што се свесни и самите земјоделци и дека производството за тутун скоро за половина е намалено, што е трагично за државата имајќи предвид дека се работи за една стратешка гранка, гранка која што носи егзистенција на десетици илјади жители на Македонија.

„Во таа насока, една од првите работи кои што ќе ја направиме е усвојување на измените на Законот за тутун, со кој што ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да се откупи целокупниот домашен тутун, по пристојни цени и да се произведува повеќе од она што се произведува до сега. Ние како пратеници, два пати тој закон го поднесувавме во Собранието, но за жал немавме мнозинство за да го изгласаме, пратениците на СДСМ и на ДУИ овој закон не го гласаа од чисто бизнис интереси, затоа што главен увозник на тутун во моментов во Македонија е братот на министерот за земјоделие, Љупчо Николоски“, рече Николоски.

Така што, посочи дека од чисто лични бизнис интереси, досегашното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не го поддржаа тој закон, но затоа пак ВМРО-ДПМНЕ измените на Законот за тутун ќе ги донесе во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, ние апсолутно, планираме тој закон да го изгласаме уште во првите 100 дена после формирањето на Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со цел вашиот труд биде почитуван, да можете да заработувате добра и да можете чесно да живеете тука“, истакна Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам во четвртата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби, доаѓа време на одговорност

Николоски од Радовиш: Филипче е човекот кој го уништи здравството, ќе биде запишан на најцрните страници

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова

Горан Наумовски