Николоски: ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема избрано кандидати за локалните избори

Од:

Пратеникот од Охрид Александар Николоски рече оти сите информации поврзани со евентуални нивни кандидати за градоначалници кои се појавија во јавноста се шпекулација.

Тој кажа дека партијата е на самиот почеток на изборот на канидати во сите градови вклучувајки го и Охрид, и оти сите ќе бидат избрани во редовна постапка. Николоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го следи примерот на СДСМ кој уште пред два месеци јавно ги истакна своите кандидати за градоначалници во најголем дел од општините. Тој рече дека опозицијата нема друга работа освен што предлага кандидати за градоначалници.

„ВМРО-ДПМНЕ е на почеток на избор на кандидати насекаде низ земјата. Во моментов ги собираме идеите на граѓаните за изготвување на програма, која сакаме да биде создадена од терен, а не од канцеларија. Заврши процесот на кандидирање кандидати, во тек се разговори со нив и она што можам одговорно да кажам е дека сите информации кои што се пласираат во одредени медиуми околу изборот на кандидат за градоначалник на Охрид се шпекулации“, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ