Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да им се рефундираат средствата на граѓаните кои мораат да одат во странство да се вакцинираат

Од:

На новинарско прашање за состојбата со вакцинацијата во Македонија во услови кога 15.000 македонски граѓани само викендот се вакцинираат во Србија, а вакциналните пунктови во државата се затворени, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека тоа е катастрофа и трагедија. Поради неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев илјадници македонски семејства се завиени во црно, а стотици илјади поминуваат низ хорор во пандемијата. Според него македонските граѓани се понижени и мораат да одат да се молат за вакцинација во Србија или Бугарија.

– Осиромашени и понижени македонски граѓани мораат да одат да се вакцинираат во Србија и Бугарија, додека Венко Филипче води евтин личен маркетинг, преку играње на мал фудбал, што ја покажува забеганоста негова и на владата во која што тој е дел. Во услови кога луѓе умираат вие да плаќате ПиАр агенции која ќе ви организира играње на мал фудбал „случајно“ во Битола, покажува на кое ниво е забеганоста- рече Николовски, за време на посетата во Општина Гази Баба.

Николоски посочи дека од состанокот кој го имал во Гази Баба произлегла идеа, владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.

– Тие луѓе трошат средства за патување до таму, за престој, гориво итн. Во услови кога плаќаат данок во Македонија и во услови кога плаќаат здравствено осигурување, мора да ги поднесат овие трошоци, така што произлезе една добра идеа, која ќе ја разработиме во следниот период, а тоа е македонската влада да ги рефундира трошоците кои што се направени на македонските граѓани кои мора да одат надвор да се вакцинираат, не по нивна вина, туку по вина на владата на Заев и Филипче- потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус