(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од Движењето ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварија средба со жителите на Маџир Маало, на кој им ветија дека ќе направат се за набргу да им ги обезбедат сите неопходни услови за живот и развој во 21 век.

Со вицепремиерот и министер имаме заедничка согласност дека оваа брутална бетонизација што му се случува на Центар треба да запре час поскоро. А, првиот чекор е носење и ревизија на сите урбанистички планови. Што ќе се прави со континуирана соработка на локалната со централната власт, вели Лабудовиќ.

„Имаме заеднички став дека новиот детален урбанистички план за Маџир Маало, ќе биде квалитетен, за модерен развој на овој дел од Скопје и, се разбира, исклучиво во интерес на граѓаните. Со нив ќе се консултираме како сакаат, каква потреба имаат тие за овој дел од нашата општина. Дополнително планираме изградба на нова градинка на овој потег, како и модернизација на улиците кои долго време не се санирани“, рече Лабудовиќ, нагласувајќи дека соработката што ќе ја имаат и со Минстерството за транспорт и врски и со Град Скопје ќе биде исклучиво во штитење на јавниот интерес.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски пак, посочи дека е жално во 21 век луѓето да живеат во субстандардни услови во срцето на Скопје.

„И овде на дело може да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам во интерес само на поединци. Затоа што, поединци кои се блиски до актуелното раководство на општина Центар не може овде да си го најдат личниот финансиски интерес или да најдат бизнис и токму затоа луѓето живеат во сосотјба која не личи на 21 век – со уништени улици, без соодветен водовод и канализација и со нерешени имотни прашања. И, ова на најдобар начин покажува како се уништува општината и зошто се неопходни промени во Центар“, потенцираше Николоски.

Вицепремиерот Николоски верува дека заедно со Лабудовиќ, кого го нарече иден градоначалник на Центар, ќе работат на изнаоѓање решенија за сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат маџлирмаалци. За, конечно тие да дојдат до пристојни услови за живот.

Би можело да ве интересира

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Победа во вториот круг во Скопје, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари значи напредок, развој, многу работа и проекти

Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух