Николоски: Иницијативата за гласање доверба на Владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеници

Од:

Зоран Заев пред осум дена ја најави оставката, а не ја поднесе и затоа денес поднесуваме иницијатива за гласање доверба на Владата, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ и соопшти дека до четврток очекуваат претседателот на Собранието да свика седница на која ќе се гласа за доверба.

„На иницијативата за гласање доверба има 61 потпис и очекуваме претседателот на Владата да свика седница на која ќе се гласа недоверба на Владата. Во тек се интензивни разговори и со неколку други пратеници, така што очекувам дека иницијативата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник“, рече Николоски.

Што се однесува до пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, кој рече дека го повлекува потписот во рамки на иницијативата за формирање на ново парламентарно мнозинство, Николоски вели дека тој ќе го поддржи гласањето за доверба.

„Прашањето се однесуваше во однос на составување на нова Влада и тоа е нешто што ќе го разговараме после четврток, да видиме. Чекор еден е гласање доверба на Владата“, изјави Николоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција му постави ултиматум на премиерот Зоран Заев, до денеска со 14,30 часот да ја поднесе оставката во Собрание. Во спротивно, како што нагласи Мицкоски, новото парламентарно мнозинство ќе ја достави иницијативата за гласање доверба на влада.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“