Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК

Од:

Добивме многу конфузни одговори околу ангажманот на консултантот Асаф Еисин, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече дека бил консултант не негов туку на СДСМ, а од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но намерно и ненамерно можеби направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата кои што ние имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и се токму тие локалната поддршка на Асаф Еисин вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоески.

-Се работи за лица кои што се вработени во ПР агенција која што има седиште за регионот во Белград, а тие се дојдени тука за да помагаат токму на ова лице. Не е тајна дека Асаф Еисин помеѓу другото е и советник или ПР експерт и на видни лица од политиката на нашиот северен сосед. Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот кој што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран како и тоа дека доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки сеуште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, нити за претседател, нити за пратеници не беше завршено. До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од средства кои што се сомнително прибавени од страна на политичката партија СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период, рече Николоски.

Тој праша и дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите кои што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој што е исплаќан овој странски консултант? И дали контролата се прави преку лицата кои што се сместени во деловни простории на еден хотел на кејот на Вардар, да бидам попрецизен позади Градскиот стадион?

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати