Ми се јави Шекеринска и рече дека еден човек најверојатно е мртов, сведочеше Никола Тодоров за 27 април

Од:

На денешното рочиште во кривичниот суд за крвавиот четврток, сведочи ексвицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров. Тој рече дека се обидувале на мирен начин со пеење на македонската химна да го спречат изборот на претседател на Собранието.

„Немаше провокации од ниедна страна“, рече во на почетокот од сведочењето Тодоров.

По седницата тој, како што рече, се упатил кон кабинетот на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Слушнав врева и излеговме од кабинетот и видов голема група луѓе влезени во Собранието. Некои од нив сакаа да влезат во кабинетот, но не успеаја”, рече Тодоров.

Посочи дека имало кошкање меѓу нив и групата што сакала да влезе, но не успеала. Тој рече дека потоа излегол од ходникот зашто било загушливо и се упатил надолу кон ресторанот.

Потоа Тодоров рече дека му се јавила Радмила Шекеринска.

„Ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов и јас реков дека треба да се повика итна медицинска помош. Се јавив веднаш на директорката на Здравствен дом и побарав екипи“, рече Тодоров.

Раскажа дека трипати се обидел да влезе во прес-салата, но не успеал зашто вратата била тесна и имало многу луѓе кои не му дозволувале.

Никола Тодоров рече дека му се јавил на Чавков и побарал акција за спасување на Зијадин Села, откако претходно го пронашле на третиот кат, каде влегле со медицинска екипа. Една од докторките му рекла дека најверојатно има внатрешно крварење во главата.

Како што рече Тодоров, Чавков испратил специјални полициски сили кои дошле брзо за евакуација на пратеникот.

На вчерашното рочиште сведочеа Мухамед Зекири и Петре Шилегов, а претходно свои искази дадоа и Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески