Никола Груевски доби плакета за образование

Од:

Премиерот Никола Груевски значајно придонел во високообразовната научна и културна денјност и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поради што денеска се закити со плакета. Слично признание му беше доделено и на ректорот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, Зонгуи Жанг.

Поводот е отворањето на кинескиот Институт „Конфуциј“ во рамките на УКИМ со поддршка на двете влади.Груевски истакна дека Македонија и Кина со години ги развиваат односите на пријателството, меѓусебно разбирање и за заемно почитување.

– По тој повод денес имам огромно задоволство да присуствувам на формирањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија чија цел е промоција и поддршка на изучувањето на кинескиот јазик и култура, воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции, како и зајакнување на заемното разбирање и соработка меѓу граѓаните на Македонија и Кина – рече Груевски.Тој додаде дека од 2006 година средствата за образование се зголемени за 60 проценти.

Би можело да ве интересира

За образованието да се одвојат пет проценти од БДП, бара Стопанската комора на Македонија

Ана Ололовска

Професорот Ѓуровски нов проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“

Ана Ололовска

Првите индекси од УКИМ за 2019/2020 врачени на бруцоши од ФМУ

Ана Ололовска

Прв академски час за новите студенти

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ацески: Професори со три предавања во семестар земаат плата, дали тоа не е корупција?!

Габриела Димковиќ-Мишевска

Адеми: Ќе има зголемување на платите на наставниците, но ни треба малку време да ги направиме проекциите

Татјана Ташкова

Leave a Comment

3 × five =