Никој не се јавил во полиција кога го претепале Тот пред „Привилиџ“, полицијата дознала кога е однесен во болница

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за сокривање на убиството на ракометарот Денис Тот. Информациите дека нема траги на насилство се информации кои се добиени од Клиничкиот центар, вели министерот, откако потоа се добија и потврдија информациите дека ракометарот бил претепан. Критичната вечер, кога Тот бил претепан до смрт, во полицијата немало пријава за нарушен ред и мир.

„Постојат повеќе причини што била причината за настанот. Според изјавите кои ги имаме, тоа е лично недоразбирање меѓу девојката и момчето“, кажа Спасовски.

Тој додаде дека немало запирање на постапката и се работи на расчистување на случајот.

„Сочувство до семејството на починатиот и да отфрлам сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка, туку од Клиничкиот центар нашите екипи се излезени и започнуваат истражните дејствија. Немаме запирање во ниту еден момент, се до целосното расчистување на случајот со поднесување на кривичните пријави во рок од 24 часа. За едно лице се трага. Ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“, кажа Спасовски.

Нема податок дека третиот осомничен за убиството по кој се трага, ја напуштил државата.

„Прибираме податоци и информации за сите аспекти. Работат колегите и ќе видиме за резултатите од цел настан. Се бараа информации од Брза помош за од каде е подигнат човекот, а првата информација се базира на увидот и анализата која на направиле анализата на Клиничкиот центар. Истражните дејствија продолжуваат се до расчистување. Вие бевте сведоци дека немало снимки, дека се избришани и тн. Такви дезинформации не помагаат. Сите аспекти во тој дел, во делот на посета на местото на настанот кога ни беше укажано каде е пронајдено момчето, преку камерите од ‘Сејф сити’ се пристапи кон расчистување на случајот“, кажа Спасовски.

Во полиција, изјави за настанот дал сопственикот на клубот „Привилиџ“ каде бил претепан Тот, како и вработена. На видео снимка детално се гледа настанот како се одвивал.

„Првичната информација ја даваме на база на она што ни го кажуваат од Клиничкиот центар. Понатаму има гледање на камери, истражни дејствија, повикување на сведоци, како сопственикот на дискотеката, вработената. Тие се повикани во четвртокот на пладне. Сите лица кои биле од интерес на истрагата се повикани во полициска станица и заведени“, додава Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР