Никој не го ферма додека не умре, вели Дуковски и тврди дека здравјето на Јовановски се влошува

Од:

Бојан Јовановски никој не го ферма додека не умре еден ден, тврди неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој во изјава за „А1он“ вели дека здравствената состојба на првообвинетиот во „Рекет“ секојдневно се влошува. Дуковски останува на тоа дека во затворот не може да се спроведе хигиено-диететски режим, кој го препорачуваат докторите.

„Секој ден го носат во болница. 10 установи кажуваат дека за него треба соодветен хигиенско-диететски режим. И затворскиот доктор кажува дека не може таков режим да се спроведе таму. Утре треба да се земат хистолошките резултати, од земениот материјал од чирвоите во желудник. Никој не го ферма додека не умре некој ден, па тогаш ќе видиме на кого ќе ја префрлаат топката“, вели Дуковски.

Адвокатот Дуковски не сакаше да коментира за заканите, кои како што тврдеше, Јовановски ги добивал преку посредници. Обвинетиот Бојан Јовановски пред судот посочи дека тој се гледа себеси како политички затвореник, но и дека пријавил закани за негова ликвидација.

Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за во понеделник.

 

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава