Независниот синдикат на затворската полиција и админстрација ги повлекува активностите за јавен револт, усвоено нивното барање

Од:

Независниот синдикат на затворската полиција и администрација на Македонија денеска преку соопштение информира оти ги повлекуваат сите активности за искажување јавен револт и несоглсување со донесени одлуки, откако Главниот кризен координативен штаб го усвоил нивното барање со кое е извршено дополнување на Уредбата.

– Со Одлука на Влада на ден 07.04.2020 година донесена е Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените ви јавниот сектор за време на вонредна состојба при што припадниците на затворска полиција се пропуштени, а со тоа би им се намалила севкупната плата речиси за 50 отсто. Од страна на Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија навремено е реагирано и е поднесено Барање за измена и дополнување на уредбата. Главниот кризен координативен штаб го усвои нашето Барање со кое е извршено дополнување на горенаведената Уредба. Независниот синдикат укажа со Барање дека треба да се изврши нов режим на работа во смени со цел превенција од Ковид-19 вирусот и препораките од Влада, Министерство за здравство и кризниот штаб, се вели во соопштението.

Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија, велат оттаму, како репрезентативен синдикат на вработените во затворскиот систем и понатаму ќе се грижи за членовите на синдикатот и навремено ќе реагира.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски