Независниот кандидат Цветковски вети уредување на населбата „Гоце Делчев“ во Куманово

Од:

Независниот кандидат за градоначалник од опцијата „Кога ако не сега“, Виктор Цветковски на средба со граѓаните од кумановската населба „Гоце Делчев“ вети инфраструктурно хортикултурно уредување.

– Урбана опрема, детско катче и игралишта со спортска содржина им е потребна на граѓаните од населбата „Гоце Делчев“, изјави Цветковски.

Тој пред граѓаните потенцираше дека програмата е реална и ги отсликува потребите на градот и неговите жители.

Според Цветковски, брзото и ефикасно инфраструктурно уредување на општината овозможува и брз локален економски развој.

– Куманово е град со 100 илјади жители и има можности за негов развој. Единствено потребни се луѓе кои ја планираат иднината на овој град, истакна Цветковски во обраќањето пред жителите на населбата „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија