Независниот академски синдикат бара прогресивно зголемување на платите

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) изразува незадоволство од најавеното зголемување на платите во високото образование од само пет проценти. Бара прогресивно зголемување на платите во високото образование и науката, односно во првата етапа интервентно зголемување на платите според методологијата за прогресивно покачување на платите, до максимален износ од 30 проценти за вработените во оние институции кои воопшто немаат или немаат доволно сопствени средства.

Во соопштението испратено до јавноста, НАкС истакнува дека платите во високото образование за разлика од другите сегменти на образованието, не се зголемени повеќе од десет години.

– Недозволиво е буџетското издвојување за плата на највисокото звање – редовен професор, да биде 1,3 просечни плати и да изнесува 34.438,оо денари, платата на младите соработници (кои по правило се најдобрите дипломирани студенти) да изнесува само 80 проценти од просечната плата, а дел од вработените да не го примаат ниту законски загарантираниот надоместок за минат труд, посочува НАкС.

Ваквата состојба, како што наведува синдикатот, довела до енормен одлив на младиот кадар од универзитетите и огромно назадоволство кај наставниот и научниот кадар.

Прогресивното зголемување на платите што го предлагаат, според НАкС, ќе резултира со постепено постигнување ниво на плати соодветни на дејноста на сите вработени во високото образование и науката и нивелирање на разликите во платите. Ваквото зголемување на платите, велат од Синдикатот, може да се постигне без прекумерно оптоварување на буџетот на Министерството за образование и наука.

Синдикатот бара во првата етапа под итно да се отвори и конкурс за примање млади соработници на јавните универзитети и научни установи, како и мерки за финансирање и подобрување во научно-истражувачката дејност.

– Ако не се прифатат предложените мерки, НАкС навремено укажува дека не само што ќе продолжат проблемите со кои во моментов се соочуваат високообразовните и научните установ, туку тие ќе се мултиплицираат и продлабочат до ниво на потполно блокирање на образовниот и научно-истражувачкиот процес, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците