Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара прераспределба на комисиите и учеството во работните тела на Собранието

Од:

Македонското Собрание на денешната 109-та седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, пред гласањето истакна дека по оваа точка и сите останати кои се на дневен ред на седницата ќе гласаат воздржано, бидејќи не се задовоилни од донесувањето на предлог одлуките од Комисијата за прашања на избори и именувања.

– Сметаме дека во Парламентот треба да се изврши нова прераспределба на комисиите и пратениците кои учествуваат во работата на останатитре комисии. Се додека не се донесе нова прераспределба во однос на овие комисии и она што треба да биде дел од доделувањето на комисии на нашата пратеничка група, но и предлози и учество во останатаите работни тела, сметаме дека е неправедно да се носат вакви одлуки и сметам и дека колегите – пратеници ќе се одважат да гласаат онака како што е во Деловникот на Собранието, ние ќе гласаме воздржано по овие точки, рече Авировиќ

Собранието ја усвои и одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Во тек е дебатата по Предлог законот за основно образование.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски